ОБ КЛУБ НА ТАЛЕНТИ

Клубот на таленти на ОБ произлегува од годишната програма за општествена одговорност на Охридска банка. Станува збор за платформа што е наменета за сите млади таленти и потенцијали во различни области.

Како концепт, Клубот на таленти на ОБ ќе функционира врз база на конкурси што ќе се објавуваат во текот на годината на одредена тема. Ќе можат да се пријавуваат сите заинтересирани што ќе ги исполнуваат условите, а Банката, како основач на Клубот, заедно со однапред дефинирано стручно жири, во секоја област ќе избира финалисти и победници кои ќе бидат финансиски наградени и поддржани од страна на Банката.

Банката го задржува правото да ги менува условите на објавените конкурси во секое време.

Водејќи се од основните принципи на работењето ‒ тимски дух, иновација, посветеност и одговорност ‒ како општествено одговорна компанија, Охридска банка на годишно ниво издвојува значаен износ финансиски средства што ги насочува во различни области, како култура, спорт, образование итн., секогаш изнаоѓајќи таленти и потенцијали на коишто им е потребна поддршка за развој на нивниот талент, доедукација и усовршување во нивната насока, а сè со цел да помогне во развојот на сите млади што покажуваат потенцијал во одредена насока.

 

Членови на клуб на таленти